2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСтока од народ: Во скопско Ново Лисиче уништен е еден од најновите...

Стока од народ: Во скопско Ново Лисиче уништен е еден од најновите летниковци, сторителите ја откорнале дрвената маса а потоа ја запалиле.

spot_imgspot_img

Кај последната станица на автобуската линија 5 во скопско Ново Лисиче уништен е еден од најновите летниковци, сторителите ја откорнале дрвената маса а потоа ја запалиле.

„Вложиле голем напор да откорнат забетонирана маса од летниковец, но тоа не било доволно, па ја запалиле заедно со пластична канта за ѓубре“, велат жители на Ново Лисиче и бараат инспекторите од Град Скопје да бидат поефикасни во казнување на несовесните граѓани.

Ова не е првпат низ Скопје да се палат летниковци. Лани беше запален штотуку поставен летниковец во парк шумата Гази Баба. Постојано низ скопските улици се палат и контејнери, но досега никој не е казнет. Од Град Скопје велат Министерството за внатрешни работи треба да казнува и да ги фати сторителите.

Лани есента Град Скопје и скопските општини формираа заедничка инспекциска служба и како што рече тогаш градоначалникот Петре Шилегов целта е поефикасна работа и казнување на прекршителите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...