16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМомчето кое беше осудено за демолирање на канцеларијата од Ѓорге Иванов се...

Момчето кое беше осудено за демолирање на канцеларијата од Ѓорге Иванов се кандитира за претседател.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Борјан Ефтимов, студентот кој беше осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, најави кандидатура за претседател на Универзитетското студентско собрание.

<

Студентот на правниот факултет, вчера официјално ја пратил својата кандидатура до делегатите. Во кандидатурата тој ја претставува својата кратка програма но и побарал одлагање на денешниот избор за неколку дена.

Редакцијата на „Лидер“ телефонски разговараше со Ефтимов кој вели дека не крие дека бил дел од „Шарената Револуција“, дека е осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот и дека не се срами од тоа.

-Бев таму затоа што верував во тие идеали и тоа не го кријам, ниту се срамам, без разлика во која насока потоа тргнаа работите. Тоа не значи дека јас сум кандидат на политика партија. – ни одговори младиот Ефтимов.

Кандидатот за студентски лидер освен од шарената револуција, беше дел и од студентскиот пленум, организација која згасна по доаѓањето на СДСМ на власт.

-Последната активност на „студентски пленум“ беше учеството во донесувањето на новиот закон за високо образование. Потоа пленумот згасна иако не ја добивме целосно битката. – вели Ефтимов.

Истражувањето покажува дека студентски пленум нема никакви активности повеќе од 500 дена….

Во разговорот за „Лидер“, Ефтимов вели дека од 29 ноември, знаел дека ќе се кандидира за претседател на Унверзитетско студентско собрание, но и покрај тоа сега бара одложување за 3-4 дена на избоерите.

-Ова го барам затоа што не е дефиниран начинот на кој ќе се избира претседателот. Ова ни е практично прва седница на телото. Не сакам доколку јас или некој друг стане претседател, потоа да има дамка. – вели поранешниот шарен реолуционер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...