8.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаСветБиле насилно одземени од нивната мајка, но ја преживеале големата несреќа: Чудесната...

Биле насилно одземени од нивната мајка, но ја преживеале големата несреќа: Чудесната приказна за “сирачињата од Титаник”

Катастрофата која му се случила на Титаник однела многу животи, меѓутоа овие две деца кои ја преживеале имаат неверојатна животна приказна.

Кога на 15-ти април 1912 година жените и децата добиле инструкции да влезат во чамците за спасување, еден татко ги ставил своите две мали деца во “склопувачкиот Д”, името на последниот чамец кој бил спуштен во вода.

За двете кадрави момчиња во чамецот се грижела 22-годишната Мери Кели од Ирска. Таа ги тешела со песни бидејќи децата биле многу исплашени и вознемирени.

Кога се симнале од чамецот, грижата за нив ја презела Маргарет Хејз, членка на аристократијата која зборувала француски јазик. Кога двете деца стигнале во Њујорк, бидејќи ги спасил бродот Карпатија, нивниот идентитет не бил познат.

Разни весници ја објавувале приказната за сирачињата како и нивна фотографија која била направена пред да се качат на Титаник, за да се јави било кој од роднините кои би можеле да ги имаат, без разлика дали се во Франција или во некоја друга земја. Печатот ги нарекол “сирачињата од Титаник”, а долго време никој не се јавувал.
Меѓутоа еден ден, една жена по име Марсел Навратил им пишала на новинарите. Таа се претставила како мајка на двете деца, 3-годишниот Мишел и 2-годишниот Едмонд Рожер, и ја раскажала приказната за тоа како децата завршиле на бродот.

 

Нивниот татко Мишел Навратил насилно ги одвел од мајката бидејќи не се согласувал со неа. Тој ги одвел од јужна Франција во Саутемптон, а на Титаник се качил под лажното име Луис Хофман, а на децата им ги дал имињата Лола и Момон. Мишел го загубил животот кога Титаник потонал.
Откако било потврдено кои се, децата заедно со својата мајка биле вратени назад во Франција. Девојката која ги спасила и се грижела за нив, Мери Кели, добила награда од Црвениот крст во износ од 100 долари. Мери подоцна родила шест деца, а починала во 1950 година.

Едмонд починал на 43 години по битката со француската армија во Втората светска војна. Мишел продолжил на факултет, заработил докторат и станал професор по филозофија. Починал на 30-ти јануари 2001 година на 92-годишна возраст и бил еден од најстарите преживеани патници на Титаник.

 

Извор Точка.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...