6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСудот се предомисли: Јавноста е исклучена од рекет, нема повеќе да знаеме...

Судот се предомисли: Јавноста е исклучена од рекет, нема повеќе да знаеме што се случува на судењата?

spot_img

Што се случи за помалку од 24 часа Обвинителството за организиран криминал и Судот да го сменат ставот за 180 степени и од денешното рочиште за случајот „Рекет“ да ја исклучат јавноста?

Вчера и обвинителката Рускоска и судијката Масевска и побараа и добија согласност од одбраната на обвинетите да се слушаат три фолдери од УСБ-то со телефонските разговори на Зоран Милевски. Но, денеска обвинителката излезе со сосема спротивен став и побара јавноста да биде исклучена со образложение дека во нив се слушаат разговори на луѓе чии углед може да биде нарушен.

Наспроти ова, одбраната на обвинетите Јанева и Јовановски и тие самите инсистираа снимките да бидат јавно слушани.

–Нема ништо што е загрижувачко во тие снимки, ви го гарантирам тоа судијке-изјави Јанева.
Боки пак изјави.

-Останувам на тоа јавноста да биде присутна за да се спречат сите можни шпекулации. Јас не сум ги слушнал тие снимки, а сите други ги слушнале. Вие ја носите конечната одлука но јас моето семејство бевме цело време изложени на јавни дискредитации, омаловажувања и затоа барам јавноста да биде пристутна-рече Јовановски.
Јанева направи уште една споредба.

-Во однос на снимките на Ла Верита во нив имаше многу повреди на мојот интегритеет и многу имиња се слушнаа, па обвинителката не бараше тие снимки да се слушаат без присуство на јавноста-нагласи Јанева.
Но, по кратките консултации на судечкиот совет тој одлучи јавноста сепак да биде исклучена прифаќи го образложението.

Индикативно е што до ваквиот пресврт доаѓа откако вчера при презентацијата на доказите на една од снимките и фотографиите на доказот со број 148 се виде дека Зоран Милевски во еден познат скопски ресторан имал средба и разговори со познатиот адвокат В.А и уште попознатиот брат В.З.

Снимките не беа проследени само со опис без обраложение со кои лица седел Кичеец.

Исто така, Обвинителката Рускоска во изјавата и во судот и потоа како реакција на вонредна прес конференција на една политичка партија не ја негираше оваа средба и дополни дека ако има аудио запис за неа тој ќе биде објавен.

Исклучувањето на јавноста се случува само два дена по носењето на спорниот Закон за јавно обвинителство и 14 часа по маршот за правда на владејачкиот СДСМ.

Но, тоа што е најинтересно е дека Рускоска слушањето на новите три фолдери го образложи со тоа дека Обвинителството не сака да никакви сомнежи оти прикрива нешто. А денеска го направи токму спротивното што значи дека Обвинителството и судот ги отворија сите соменжи за содржината на разговорите што ги водел Кичеец.

Навистина кое име или имиња во државата можат да се стават над нејзиниот јавен интерес за да им биде нарушен угледот и интегритетот?

Дали ваквото „престројување“ на обвинителството и на судот се должи на нечија ургенција или влијание?

Имале ли и со кого во изминатите помалку од 24 часа средби Обвинителката Рускоска и судијката?

АНАЛИЗАБОЈАН ЈОВАНОВСКИ

Извор: ЛИДЕР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...