17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаСветAВСТРАЛСКИ РАГБИ ИГРАЧ ЈА ЗАПАЛИ ЖИВА СОПРУГАТА СО ТРИТЕ ДЕЦА ЗОШТО ГО...

AВСТРАЛСКИ РАГБИ ИГРАЧ ЈА ЗАПАЛИ ЖИВА СОПРУГАТА СО ТРИТЕ ДЕЦА ЗОШТО ГО ОСТАВИЛА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред неколку дена, ужасна трагедија ја потресе Австралија.
Поранешниот рагбист Роуан Бакстер го запали автомобилот во кој беа неговата сопруга со трите мали деца. Децата изгореа живи во семејниот СУВ, додека мајката Хана Кларк почина подоцна во болницата. Бакстер се самоубил покрај автомобилот.

<

Австралиските медиуми сега откриваат дека зад грозоморниот чин стоело долгогодишно злоставување на сопругата која одлучила да му каже дека е доста на насилникот во декември, но тој не сакал да го прифати тоа.

Според локалните медиуми, полицијата повеќе пати интервенирала по повици за семејно насилство од декември.

Мања Вајли, пријателка на убиената Хана Кларк, во интервју за 9news, вели дека Хана со години не била свесна дека злоставувањето не е само тепање.

“Знаеше да ми каже дека не ја удрил, но сè друго што правеше е насилство. Со години работам во секторот, им помагам на жените кои се жртви на семејно насилство, сакав и нејзе да и помогнам. И објаснив тоа што е се насилство … Нејзиниот сопруг постојано ја обвинувал дека ја изневерува, ги држел под контрола нејзините профили на социјалните мрежи, ја навредувал, на многу грди начини. Знаел често да и каже: Погледни си го стомакот, одвратен е “, рече Вили.

Таа откри дека Бакстер и се заканил дека ќе го убие своето најстаро дете, кое Хана го имала од претходната врска. Се заканил и дека ќе ги повреди нивните деца ако таа одбие да има секс со него. Не и дозволувал да носи хеланки во салата каде што била тренер, за да не биде привлечна за другите мажи.

“Таа беше емотивно, сексуално, финансиски злоупотребувана. Но, не беше свесна за злоупотребата. Сексуално беше злоставувана секој ден. Ако одбиеше секс, тој не само што ја казнуваше нејзе, туку и децата. Секогаш ми велеше дека тој никогаш не ја удрил. Но, преку нашите разговори, на крајот сфати дека она што тој и го прави е злоупотреба. Одлучи да го напушти “, раскажува Вејли.

На 5 декември, Хана Кларк го напушти Роуан Бакстер. Неколку месеци подоцна тој ја уби нејзе, децата и самиот себе.

“Јас сум силна жена. Нема само да седнам и да плачам над себе, ниту пак ќе дозволам некој повторно да ме малтретира. Нема да разговарам со луѓе кои ми диктираат што да правам. Јас не сум жртва, ќе преживеам. Го контролирам животот и нема ништо што не може да направам “, напиша непосредно пред смртта, Хана на својот профил на Инстаграм ..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...