3.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ се пофали со нови мостови и патишта што ги направиле за...

СДСМ се пофали со нови мостови и патишта што ги направиле за само 2,5 години.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Агенцијата за јавни патишта и член на ЦО на СДСМ Зоран Китанов информираше дека за 2,5 години се реахабилитирани и санирани, но и новоизградени десетици мостови, а во изминатите десетина години, според него, тие биле запоставен дел од патниот сообраќај.

<

Споменувајќи го мостот на реката Вардар на патниот правец Неготино – Радовиш како пример за успешна санација, Китанов рече дека во 2018 година биле завршени, санирани и рехабилитирани мостовите на реката Вардар, кај Удово, кај Сарај, како и мостовите од Гостивар до Колари, кои по долго време чекање, биле завршени за само една година. Истата година се завршени мостовите од Кочани до Делчево, како и од Коселска кај Охрид.

„После 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат сосема нови мостови. Тоа се мостот на реката Луда Мара во Ваташа кај Кавадарци, кој беше во очајна состојба, е изграден пред време и веќе е пуштен во употреба, во моментот течат работите на мостот на реката Бабуна кај Чашка, кој е завршен 85% и наскоро ќе биде пуштен во употреба, како и мостот на речата Пчиња кај Долно Коњари, чија изградба ќе заврши до крајот на годината”, соопшти Китанов.

За оваа година, како што рече, е планирана изградба и реконструкција на голем број мостови, за кои е во тек тендерска постапка, а минатата недела започнаа работите на мостови на Лакавица и на Кратовска река, истакна Китанов.

Наскоро се очекува да започне санацијата на челичниот Искрин мост на делницата Куманово-Свети Николе, кој е еден од најголемите во земјава, а привршува тендерската постапка за изградба, санација и реконструкција на мостовите на Чашка кај Лисиче, на реката Треска кај Македонски брод, Ратовица-Злетово, Виница-Берово, Лакавица-Неготино, како и кај Драгоманци на Пчиња.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....