3.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонија50-годишната пациентка останува единствениот случај на коронавирус во Македонија.

50-годишната пациентка останува единствениот случај на коронавирус во Македонија.

50-годишната пациентка со корона вирус која се се лекува на Клиниката за инфективни болести во Скопје, засега останува единствениот случај во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека сите сомнителни случаи тестирани последниве два дена се покажале негативни.

Жената која се пријавила сама утрово, потоа возачот на комбето и лицето кое избега од изолацијата во штипската болница синоќа, немаат коронавирус.

Филипче додаде дека во карантин остануваат 4 лица, заедно со деветте сопатници на заразената, но досега нема информации за наши граѓани во Италија кои заболеле од корона вирусот.
Нагласувајќи дека нема потреба од паника и страв, тој го повтори повикот да бидат откажани сите поголеми собири како што се Струмичкиот и Прилепскиот карневал, а спортските натпревари се препорачува да се играат без публика.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација го зголеми ризикот од корона вирус од „висок“ на „многу висок“, поради брзината на ширење на заразата ширум светот.
Засега има 2.800 мртви и над 83.000 заболени. СЗО, сепак сè уште не прогласува пандемија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...