18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНа чичко Мирсат и тетка Васка им се исполнаа соништата, после 40...

На чичко Мирсат и тетка Васка им се исполнаа соништата, после 40 години државата им даде стан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Процесот на деинституционализација продолжува. Уште двајца корисници на Заводот за заштита и рехабилитација на лица со телесна попреченост „Бања Банско“ од Струмица ја напуштаат институцијата. За Мирсат и Васка тоа е остварување на сонот за свој дом, рече дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, по заедничката посета со градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на семејниот дом за поранешните корисниците на Заводот Бања Банско, во населеното место Добрејци, струмичко.

<

Шкријељ посочи дека е ова е преубав ден за сите, ден кога едни од најстарите жители на Заводот добиваат свој дом.

„Веќе нема деца до 18 години сместени во институции. Сите се префрлени во семејно окружување или во средина којашто е најблиска до семејната. Интензивно продолжуваме и со втората фаза на процесот на извлекување на корисниците од институциите, со возрасните граѓани кои со децении биле таму заборавени. Мирсат бил повеќе од 40 години жител на установата и Васка повеќе од 30 години. Сите бевме сведоци на огромната желба на Мирсат да има свој дом со неговата партнерка Васка. Обврска на институциите е да одговорат на тие барања. Сега двајцата корисници добиваат соодветна дневна поддршка од страна на негователи и ќе им биде обезбедена исхрана преку Завод за рехабилитација, а доколку има потреба преку општинскиот центар за социјална работа ќе им биде достапна услугата лична асистенција. Со ова не само што го враќаме достоинството на ранливите категории граѓани, туку и покажуваме дека резултатите се видливи кога Владата е посветена на создавање едно општество за сите“, изјави Шкријељ.

За Мирсат и Васка е адаптирана и комплетно опремена куќа во с.Добрејци од 96 квадратни метри, со голема тераса и двор во која во наредниот период ќе можат да се сместат уште двајца корисници од установите за резиденцијална грижа.

Според градоначалникот на Струмица Јаневски, важна е реченицата што ја слушнале и од Мирсат и од Васка, дека ова е остварување на нивниот сон.

„Тоа е реченица што ја покажува успешноста на процесот на деинституционализација и на активностите да се лоцира што сакаат луѓето што со години биле во институциите. Наша обврска е да го најдеме она што ги мотивира, гледам имаат убави планови, а тоа отвора перспективи за нивната иднина“, укажа градоначалникот Јаневски.

Првите девет возрасни корисници го напуштија Заводот во Бања Банско во 2019 година, од кои двајца добија поддршка за враќање во сопственото семејство, а седуммина се преселени во станови во државна сопственост. Сите деветмина добиваат соодветна поддршка, вклучувајќи лична асистенција и поддршка од негователи.

Активностите за трансформација на Заводот Бања Банско се реализираат со средства од буџетот на МТСП, соработка со Општина Струмица и со поддршка на 4-те агенции на Обединетите нации – УНДП, УНИЦЕФ, УНЖЕНИ и УНФПА.

Како поддршка на животот во заедницата и развојот на индивидуалните сервиси, зголемена е сумата за час лична асистенција за 10 отсто, цената за услугата на згрижувачките семејства и за услугата поддржано живеење е зголена за 30 отсто, а дефинирана е и цената за услугата помош и нега во домот, која изнесува 240 денари за час.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...