12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСвет55- годишна баба го роди сопственото внуче за да и помогне на...

55- годишна баба го роди сопственото внуче за да и помогне на ќерка си која нема матка..

spot_imgspot_img

Баба го роди сопственото внуче за да ѝ помогне на ќерка си да стане мајка.

55-годишната Ема Мајлс ѝ понудила на ќерка си Трејси да биде сурогат за да ѝ го оствари сонот да има дете.


Имено, Трејси на 15-годишна возраст дознала дека е родена без матка, но нејзините јајници фукционирале нормално. Па, со помош на инвитро, оплодена јајце клетка од Трејси била имплантирана во Ема.

За да може да има здрава бременост, Ема дури и ослабела 38 килограми и примала хормонска терапија. Убавата вест е што сè поминало во најдобар ред и Ема родила девојче со царски рез.

„Отсекогаш знаев дека сакам да бидам мајка, дури и кога имав 15 години. Секој момент кој ни го кршеше срцето вредеше само за да го имаме нашето чедо во рацете. Многу ѝ сум благодарна на мајка ми за прекрасниот подарок кој ни го даде“ – изјавила Трејси.

За раѓањето бебе во шестата деценија од животот Ема вели: „И покрај мојата возраст, не бев загрижена да родам дете. Фокусирана бев само на тоа да направам специјално нешто за ќерка ми. Трејси е моето бебе и сè направив за таа да стане мајка.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...