13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаСе иселив од Тетово и заминав во село, за да можам да...

Се иселив од Тетово и заминав во село, за да можам да вдомам што повеќе повредени животни.

spot_imgspot_img

Снежана Гиевска е меѓу малкутемина жители на Тетово кои вдомуваат голем број бездомни мачки и кучиња со цел да ги спасат од улиците. За да има доволно место за спокоен живот на миленичињата се преселила од Тетово во блиското село Брвеница, каде што има имот со големо дворно место. Со посебни влезови и места за нив во објектот и дворот, местото на Снежана е приспособено за сите вдомени мачки и кучиња.Резултат со слика за Снежана Гиевска

– Годинава најмногу на број имав 22 мачиња и четири кучиња. Сега имам две мачиња кои починаа од болест и две кучиња помалку затоа што некој ми ги отру. Инаку се грижам и вдомувам хендикепирани животни, баш оние кои никој не сакал да ги земе. Имам едно без око, другото е без ноџе, третото е без задната нога, четвртото е без опашка и да не набројувам. Значи разни хендикепи што сум успеала да ги санирам со помош на ветеринарот Зуфер Џелили, кој безусловно ми помага, потенцира соговорничката.Резултат со слика за Снежана Гиевска

Таа објаснува дека многу е важна посветеноста што одредени луѓе ја имаат кон овие миленици.

– Тие што чуваат многу миленици дома фактички се и подобри згрижувачи од самата општина, бидејќи, за жал, секојдневно има примери на бездомни кучиња со беснило кои напаѓаат луѓе. Сите кучиња и мачки што ги чуваат згрижувачите дома се носат и на ветеринар за соодветен третман, со цел да бидат стерилизирани и вакцинирани, за да бидат здрави, но и да се избегне, на пример, беснило кај кучињата, за да не напаѓаат луѓе, вели Снежана.

Со децении се грижи за животните и досега има згрижено стотици мачки и кучиња. Таа се ужаснува од постапките на несовесни поединци кои ги трујат животните.

– Кога ќе видите затруено маче или куче, гледате страшна глетка. Јас сум пробала да спасам затруени, па тоа се страшни болки, за кои ми се чини дека душман на душман не би му ги направил. И затоа би апелирала до сите добри луѓе, до органите во општината, немаме само ние, луѓето, право на живот на Земјава, имаат и кучињата, и мачињата, и целата фауна. Има право и флората околу нас, сè тоа е создадено за заедничка убавина. Јас лично со тоа што ги сакам, со тоа што им помагам, со тоа што се трудам да им обезбедам убав живот, да ги имам околу себе, сум поголема и побогата. Побогата сум за едно огромно чувство, една љубов несебична и безусловна што ми ја даруваат. Јас сум со нив многу среќна, ни рече Снежана.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...