2.7 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДАВИД КРСТЕСКИ - НАШАТА МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ, НА 11 ГОДИНИ ТРЕТ ...

ДАВИД КРСТЕСКИ – НАШАТА МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ, НА 11 ГОДИНИ ТРЕТ ВО ЕВРОПА

ДАВИД КРСТЕСКИ – НАШАТА ГОРДОСТ
НА 11 ГОДИНИ ТРЕТ ВО ЕВРОПА

Македонската ИТФ под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, благодарение на генреланиот спонзор “ПН МЕТАЛ” ,учествуваше на Европско Такевон-до ИТФ првенство во Римини-Италија, од 01.04 – 08.04 2019,каде учествуваа околу 1200 учесници од 30 земји во Европа.
Нашата екипа беше составена од двајца натпреварувачи
Давид Крстески , кој настапи во две дисциплини
-форми за црвен појас,кадети (11-13 год.) и
-спаринг-борби -40 кг, кадети (11-13 год.)
Филип Јосифоски, кој настапи во три дисциплини
-форми за црн појас II дан, сениори
-специјални техники, сениори
-спаринг-борби -64 кг, сениори
Давид Крстески кој наполна 11 години и ги исполна сите критериуми за учество на Европско првенство, е нашата гордост со што можеме да се пофалиме дека на 11 годишна возраст имаме шампион кој не израдува со медал од Европско што досега во нашата држава не се има случено, неговите успеси ни даваа надеж дека некогаш ќе биде освојувач на некој медал од некој голем натпревар, но Давид Крстески во стилот на најголемите мајстори тоа го направи на само 11 години, со што ги оправда сите очекувања, сите семинари, сите вложувања во него, а со тоа докажа дека има светла идниназа него во овај спорт, а воедно на спортот. Солзите радосници беа неизбежни на овај магичен момент кога дете од 11 години ќе ја претстави гордо својата држава и ќе се избори за место на пидесталот , покрај големите веле сили, каде и судиите се против нас, но Давид Крстески настапи храбро без ниту 1 грам сомнеж во неговата техника и го освои бронзениот медал во форми за црвен поајс – кадети. Каде во плуфинале судиите беа пристарасни и му ја дадоја победата на претставникот од Русија, со минимална предност.Во првиот круг го совлада претставникот на Романија, во вториот круг го совлада претставникот на Украина, во третиот круг претставникот на Словенија, додека во четвртфинале не успеа да ги победи судиите кои му го одзедоа финалето. Како и сите мали федерации , така и за нашата федерација, борбата за медал е многу потешка него големите федерации кои имаат голем борј натпреварувачи, нивни судии и се привилигирани во однос на нас,иако знаеме дека златото и среброто се тешко достижни за нас, за нас бронзата сјае како злато и секогаш ќе даваме се од себе во иднина ако може да се дојде до нив. Истотака и во борби во првата борба беше совладан од судиите против претставникот од Велс, при негова целосна доминација и водство во текот на двете рунди, главниот судија од Англија, без потребно му даде неколку опомени на Давид Крстески , со што му намалија бодовна разлика, и при крајот на борбата после стоп му од нерешен резултат, судиите допишаа некој поен кај противникот и му ја зедоја победата на Давид, имавме јавен протест но за жал ни рекоја дека сме во право, ама дека не можеле да менуваат резултат после прогласувњето.
Филип Јосифоски, во форми и специјални техники беше елиминиран уште во првиот круг, додека во борби беше прв во својата група, совладувајќи ги противниците на Италија и Велс, при што во двете борби направи еден од најатрактивните вртени удари во скок за 540 степени, воедно бешеи единствен. После групата,се пласира во четвртфинале при што загуби во борбата за медал од претставникот на Грција, а со тоа и можноста да бидеме земја која со два натпреварувачи освоила два медали.
Сакаме да се пофалиме и покрај малата екипа , докажавме дека сме рамо до рамо со големите сили, така што нашиот пласман е во средината , Италија како земја домаќин на ова европско првенство настапи со 24 натпреварувачи и освои само три бронзени медали, Романија со 17 натпреварувачи без ниту еден освоен медал.Чувството на освоен медал , со само двајца натпреварувачи во однос на другите, уште толку не исполнава, за сите тие незаборавни моменти, солзи радосници најзаслужен е генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” при што користиме прилика повторно да изразиме најголема благодарност и ветуваме дека гордо и достојно ќе го претставуваме

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...