19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАтиџе Муратова: До сега не сум славела 8-ми Март, оваа година ќе...

Атиџе Муратова: До сега не сум славела 8-ми Март, оваа година ќе славам за прв пат, и тоа во ресторан.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Атиџе Муратова, хероината на „Медена земја“, по Холивуд се врати на секојдневниот живот во селото Дорфулија. Сега се подготвува за прв пат во нејзиниот живот во ресторан да го прослави Денот на жената, заедно со внуката и со снаа и. Таа вели дека- „ Тоа е денот на жената и сите жени треба да се радуваат, да бидат весели, бидејки јас досега немав можност на овој ден да се веселам“ вели Атиџе за ММС.мк.

<

-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат. Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци. Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува. Се радуваше и таа а искрено се радував и јас заради неа. Да можев да и купувам повеќе подароци додека беше жива ќе и купував ама не можев, ми требаа пари за лекарства. Откако ме касна кучето на комшиите животот ми се смени и сите пари ги давав по болници и лекови, вели Атиџе.

На мајка ми само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува

Таа смета дека жените се понапредни од мажите, бидејки знаат што е мака.

-Жените се понапредни во се. Повеќе сваќаат жените отколку мажите. Мислам дека ако законот е во женски раце подобро би се живеело. Жените се подобри од мажите бидејќи подобро ги разбираат маките во животот. Не ѓи напаѓам мажите ама сметам дека тие треба да ги чуваат жените, да се грижат за нив а жените да бидат поразбрани. Па жената не треба да се чува само за „8 Март“ туку цела година зашто жената тоа го заслужува, ја чува куќата, ги чува децата, готви а женските работи се потешки, додава таа.

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.

-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала. Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење. А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка. А децата ги сакам, многу ги сакам. Но, тоа ми било судбината. Кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се. Тоа беше мое премрежје, бидејќи за еден час можев да умрам. Врескав, плачев и никој немаше да ми помогне, но Господ ме спаси за да можам повторно да функционирам. Тогаш ми доаѓаше да се обесам од мака, ама се сожалив над себе и над мајка ми, бидејки неа немаше кој да ја чува. Тоа ме одржа во живот. Е сега треба да бидеш среќен, нели. А јас сум среќна што сум жива иако со здравјето не сум задоволна. Имам последици од каснувањето, не можам да работам тешки работи, рацете ме болат, лицето, носот. Тоа ми е траума. Затоа и не планирам да се мажам. И во Сараево ме прашаа имам ли прилики за мажење а јас им реков дека нема да се мажам бидејки не знам на што ќе налетам. Иако можеби ќе се најде некој што искрено ќе ме сака. Не знам… Но, не сакам да се мажам, бидејки после се низ што поминав сметам дека најважно е човек да биде жив и здрав.

Не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка, тоа ми било судбината, кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се, вели Атиџе.

ИЗВОР:  ММС.мк

Автор на текстот: Весна Миленковска

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...