28.9 C
Ohrid
четврток, јули 17, 2025
ПочетнаСветПретседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по...

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара жените во Венецуела да раѓаат по 6 деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, им порача на жените дека би требало да имаат по 6 деца за доброто на државата, пренесува BBC.

<

Гостувајќи во ТВ-емисија, каде го промовираше планот за државниот здравствен систем за жените, Мадуро истакна дека жените треба да раѓаат повеќе деца.

„Бог ве благословува кога дарувате живот. Секоја жена би требало да роди по 6 деца за доброто на државата“, вели Мадуро.

Венецуела се бори со голема економска криза што доведе до недостиг на храна и на медицински средства. Според податоците на УНИЦЕФ, од 2013 година до 2018 година дури 13% од децата во земјата се неухранети.

„Болниците не функционираат, нема доволно вакцини, мајките не можат да дојат бидејќи се неухранети, ниту да купат млеко во прав бидејќи е скапо, а земјата се соочува со миграции“, вели Мануела Боливар, опозициска пратеничка.

Среде економска криза, една добротворна организација во 2018 година наведе дека бројот на напуштени бебиња, оставени на улица или во јавни згради е пораснат за 70%.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за...

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево . Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила...

Продадени два стана од одземениот имот на Никола Груевски

Продаден е дел од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше ставен на продажба како дел од извршната постапка во случајот „Плацеви...

Разрешениот судија поради криминал се врати во МВР.

Лазар Нанев, поранешниот судија од Кавадарци кој беше разрешен од функцијата во октомври 2024 година поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што...