0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрашевски: Кој ќе одговара ако судот стане извор на зараза?

Страшевски: Кој ќе одговара ако судот стане извор на зараза?

spot_img

Адвокатот на обвинетиот во случајот „ТНТ“, Тони Трајковски во негово лично име и како што вели, во име на неговите колеги адвокати, испрати јавен апел до министерот за здравство, Венко Филипче во кој бара да даде препорака до судовите да држат само судења кои се неодложни, да се врши дезинфекција на судниците и да се контролираат лицата кои влегуваат во судница поради заканата од ширењето на корона вирусот.

-Кој ќе сноси одговорност ако судот стане извор на зараза број еден на корона вирус во нашата држава. Кога во нашата држава се забрануваат јавни собири, се затвораат игротеки, градинки, школи итн нема никаква логика да судот работи под полна пареа каде дневно циркулираат илјадници лица кои не се имуни на корона вирусот.

Притоа сакам да Ве информирам дека во Кривичниот суд ниту се спроведуваат некои мерки, ниту се дезинфицираат судниците, ниту се прави некаква контрола на лицата што влегуваат во суд, под полна пареа се одржуваат десетици судења. Нема евиденција кој судија или обвинител бил на некое патување или имал контакти со лица кои се во ризична категорија.

Во текот на вчерашниот ден еден адвокат кој бил на службено патување во ризичен регион присуствуваше на судење, а денес една од обвинетите не дојде на судење поради тоа што нејзиниот сопруг бил во каранти.

Имам четири деца и немам намера јас лично наредниов период да се појавувам на закажаните рочишта бидејќи нивното здравје ми е поважно од се. Ве молам да ги имате во предвид дека судот казнува адвокати кои ги почитуваат вашите досегашни мерки т.е отсуство поради родителска грижа на своите деца, се вели во апелот испратен до медиумите.

Судскиот совет и министерството за правда пак испратија соопштение до јавноста во кое информираат дека засега судењата нема да се одложуваат но ќе бидат преземени мерки на претпазливост.

-Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство. Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично. Исто така очекуваме во судовите и јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата“, се вели во соопштението на Министерството за правда и Судскиот совет.

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...