12.6 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Грција ја затвора границата со Македонија.

И Грција ја затвора границата со Македонија.

spot_imgspot_img

Банките утре ќе работат нормално, исто како и другите финансиски институции. Владата е во координација со НБРМ и банките можат да извршуваат своите клучни функции. Заради непречено остварување на финасиските услуги, граѓаните и фирмите треба само да ги следат информациите што тие ги објавуваат.

СМС пораки со информации за состојбата со КОВИД 19 ќе праќаат и комуникациските комнпании во земјава, соопшти министерот Филипче.

Од опзицијата и денеска повторуваат дека се потребни итни мерки. Покрај одложување на давачките кон државата за фирмите во март, како и мартовските рати за кредити, ВМРО ДПМНЕ смета дека државата треба половично да ги сноси и трошоците за придеонеси, а предлагаат и нови мерки.

Од денеска Грција ја затвори границата со земјава и со Албанија. Прмеиерот Микотакис изјави дека преку граница ќе може да помине само стока.

Дел од макеоднските камионџии пак кои беа заглавени на италјанско – словенечката граница тргнаа со полициски конвој кон Макеоднија.

МНР денеска соопшти дека преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници. Испратена е нота нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна.

Од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенечкиот кризен штаб известуваат дека најмалку 3000 превозници чекаат на граничните премини на италијанско-словенечката граница и уверуваат дека постојано организираат конвои, внимавајќи на правично учество на превозниците од сите држави во регионот.

И Македонците кои вчера беа заглавени на Малта се вратиле преку Истанбул и сега се во смаоизолација.

МНР преку Координативно тело контактира со макеоднски државјани кои се затекнати во други земји за да се изнајдат решенија за нив. Телефонските броеви на кои може да се поабра помош се следни:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389 75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: [email protected]

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...