9.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаКина ќе донира 4 милиони евра за Македонија за да набави, 104...

Кина ќе донира 4 милиони евра за Македонија за да набави, 104 амбулантни возила, минибуси и опрема за во здравството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денес имаше средба со амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

<

На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра.

– Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.

Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.

– Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија до сега, Кина обезбедила вкупно 325 милиони јуани помош, опфаќајќи образование, медицинска нега, научни истражувања и други области – истакна амбасадорот Ѕуо.

Тој појасни дека проектите што ќе се спроведат во претстојниот период ќе им бидат од полза на двете земји и народи, и ќе промовираат поврзаност на Балканот, со цел постигнување на заеднички развој низ регионите.

– Договорот за поддршка во здравствената и социјална заштита е финансиран со грант во вредност од 30 милиони јуани, износ кој надминува три милиони и 800 илјади евра, а преку кој ќе се набават над сто возила за потребите на здравствениот сектор, вклучувајќи и опрема, за потребите од итната медицинска помош, како и унапредување на услугите за домашните посети во здравството – истакна Османи.

Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна несреќа во Скопје: Автомобил се судри во автобус !

Во скопски Центар попладнево се случи сообраќајна несреќа. Според информациите, автомобил удрил во задниот дел од патнички автобус во близина на Градскиот трговски центар (ГТЦ).

Пингвин е виновен за соборувањето на хеликоптер во Јужна Африка

Јужноафриканските власти соопштија дека хеликоптер се урнал откако пингвин во картонска кутија случајно ги поместил контролите на леталото. Пингвинот бил чуван во картонска кутија и...

Нов проект: ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси

ЈПКД Дебрца со нов проект! Со помош на Општина Дебрца и безрезервна ппдршка во целиот период , сакаме да ве известиме дека ЈПКД Дебрца постигна...

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...