8.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаБитола- Им рекле да направат самоизолација а тие излегле и се степале...

Битола- Им рекле да направат самоизолација а тие излегле и се степале со комшиите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петмина битолчани ќе платат глоби од по 2.000 евра, бидејќи не биле во изолација како што налагаат мерките од Владата.

<

Не само што излегле од своите домови, туку и се тепале со соседите, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог за пет лица, членови на семејство, кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„На обвинетите им била определена мерка за  спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.03.2020 година до 27.03.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18.03.2020 година, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди“, велат од Обвинителството.

Додаваат дека со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19.“, се вели во соопштението од обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднел предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност, што е всушност по 2.000 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...