14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа пензионерите движењето ќе биде забрането и преку ден.

За пензионерите движењето ќе биде забрането и преку ден.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата работи на дополнителни мерки за заштита на старите граѓани над 65 години, покрај полицискиот час за нив ќе има и други ограничувања, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

<

„Работиме на дополнителни мерки за да се заштитат најкритичните групи граѓани, над 65 години, дополнително, освен полицискиот час, да им биде ограничено движењето, да се движат во раните утрински часови, таа мерка ќе се соопшти утре. Односно, да се задоволат потребите, посета во аптеките и продавниците, но да не излегуваат во текот на денот“, нагласи министерот.

Ќе има мерки и за младите лица до 18 години, тие ќе се соопштат по одлуката.

Матичните лекари целосно се вклучија во системот на идентификација и рано откривање, за граѓаните полесно да дојдат до дијагностика.

Филипче апелираше да се почитуваат мерките.

„Мерките се за почитување, здравствените работници нема да успеат ако граѓаните не им помогнат. Никогаш не ни била повеќе потребна помошта од граѓаните. Имаме зголемување на бројот на случаи. Мора да ја спласмене кривата на раст, земјите што ги почитувале мерките имаат резултати“, рече министерот.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...