2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСостојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

spot_img

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 400.412 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 17.451, а оздравеле 103.748 лица.
– Бројот на починати од коронавирус во Унгарија се зголеми на девет., а регистрирани се 187 случаи на заразени.

– Белгиските полициски власти констатираа дека од 13 март, откако се воведени посебните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, во државата е намален бројот на криминални дела и тоа за 30 отсто.

– „Ер Србија“ со цел да им помогне на сите патници чии летови се откажани поради измените во авиосообраќајот поради пандемијата на Ковид-19, а кои не се сигурни за термин на следното патување, подготви специјален ваучер. Патниците со тој ваучер ќе можат да купат билети за патување во друг термин. Ваучерот е во вредност од цената на билетот, кој патниците веќе го поседуваат, зголемена за 10 отсто од вредноста на нето тарифата и таксата за гориво, а важи една година од датумот на издавањето.

– Во Романија 762 лица се заразени од коронавирусот, а осуммина починаа. Меѓу заразените има 103 здравствени работници.

– Египет ќе воведе двонеделен полициски час со цел да го спречи ширењето на Ковид-19. Полицискиот час ќе трае од 19 навечер до шест часот наутро.

– Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Холандија е зголемен за 811, што е пораст од 17 отсто во однос на претходниот ден. Со тоа вкупниот број на заболени во земјата достигна 5.560. Пријавени се нови 63 смртни случаи, а вкупната бројка сега е 276 починати.

– Руските туристи од крузерот „Коста луминоза“, кој е закотвен во италијанското пристаниште Савона, вчера го напуштија бродот и се наоѓаат на пат кон Рим, каде ќе бидат ставени во карантин, соопшти амбасадата на Русија во Италија.

– Јужна Африка има 554 случаи на заразени со коронавирус, за разлика од вчерашната бројка од 402 случаја.

– Британската полиција ќе ги казнува своите граѓани со 30 фунти на самото место доколку не ги почитуваат препораките воведени вчера.

– Саудиска Арабија го регистрира првиот смртен случај од коронавирус.

– Холандската Влада донесе одлука да го откаже годинешното полагање на државната матура поради епидемијата на коронавирусот.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...