17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубчо Георгиевски: Од 27 Март до 21 Април да бидат ослободени сите...

Љубчо Георгиевски: Од 27 Март до 21 Април да бидат ослободени сите работници од работа, како во приватниот сектор така и во државниот.

Со оглед на новонастаната ситуација која станува се покомплицирана и од аспект на ширење на вирусот но и од аспект на падот на економијата, ВМРО-Народна партија предлага затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата.

– За имплементација на оваа предлог-мерка која би траела од 27 март до 21 април, предлагаме принцип на споделено финансирање и три чекори од кои:

Секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор.

За втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена.

Третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетот на Македонија.

На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација.

Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот.

Со оваа мерка најмногу ќе и помогнеме на економијата која во овој момент е во своевиден хаос, а и ќе се спречи отпуштањето на илјадници вработени во Македонија, соопшти ВМРО-НП.

Извор Поглед.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...