Британскиот принц Чарлс се опоравил од корона вирусот, само неколку дена откако беше соопштено дека е заразен од опасното заболување. Претставник на престолонаследникот изјави дека тој бил негативен на спроведените тестови и дека веќе се чувствува многу подобро, пренесува „Дејли меил“.
По консултации со личниот лекар, принцот Чарлс повеќе не е во карантин, соопштија од Кралската палата.
Карантинот на британскиот престолонаследник траеше една недела, колку што предвидува рокот даден од британската влада. Меѓутоа, принцот Чарлс ќе продолжи неопходните разговори да ги води преку телефон или преку видео-врска.
лидер