12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Битола се убиваат улични кучиња под изговор дека го шират корона...

Во Битола се убиваат улични кучиња под изговор дека го шират корона вирусот???

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според изјавите од сведоци, ЈП „Комуналец“ заловува и убива улични кучиња со изговор дека тие претставувале опасност од ширење на коронавирусот.

<

Ова го забележале активистите за заштита на животните кои реагираа со соопштение

„Нагласуваме дека според светските авторитети во хуманата и ветеринарната медицина – Светската здравствена организација (WHO) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) во повеќе наврати е потенцирано дека според научните сознанија до денес – не постои опасност коронавирусот да се пренесе од миленик на човек. Истото во Македонија го пренесоа и потврдија и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Ветеринарната комора на Република Македонија. Заловувањето на улични кучиња и нивното убивање како „мерка за превенција од коронавирусот“ претставува злоупотреба на службената должност и овластувањата и убиство на невини животни“, се наведува во соопштението.

 

Здруженијата бараат одговор од надлежните, кој издал наредба да се заловуваат и убиваат кучињата.

„Ја информираме јавноста дека заловените и усмртени кучиња со ушни маркички беа стерилизирани/кастрирани, вакцинирани и дехелминтизирани со помош на Фондацијата Бибевски“, се наведува во реакцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...