0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонија''Телеком'' донира мобилен интернет за онлајн-настава за децата од социјални семејства

”Телеком” донира мобилен интернет за онлајн-настава за децата од социјални семејства

spot_img

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата од основните и средните училишта да можат да ја следат наставата онлајн до крајот на школската година. Телеком потпиша договор со Министерството за информатичко општество и администрација за донација на овие картички, а дистрибуцијата ќе биде преку Минситерството за труд и социјална политика.

„Сега е важна солирадрноста. Важна е дигиталната трансформација. Така ќе се испорачуваат сите услуги до сите граѓани. Договорот со ‘Телеком’ се овозможува наставата во основните и средните училишта да е достапна за сите. Имајќи предвид дека имаме деца кои не можат да ја следат од далечина, се наметна потребата да им помогнеме. „Телеком“ донира 18 илјади и 400 картички за достапност на интернет. Дистрибуцијата на картичките до социјално загрозените семејства ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. На овој начин обезбедуваме интернет за секое дете. Ова се вонредни времиња и потребна е вонредна помош“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Директорот на „Телеком“ посочи дека главната цел е да се обезбеди еднакви услови на сите деца кога во прашање е онлајн наставата.

„Еден од најголемите приоритети е да се обезбеди непречено образование на децата. Не сите деца можеа да учат од далечина. Иако сме земја со фиксен интернет, околу 18 илјади и 400 домаќинства не можеа да ја следат наставата. ‘Телеком’ донира мобилен интернет за основци и средношколци за да ги следат наставните програми до крајот на учебната година. Ова е чекор напред за да се обезбеди еднакви услови за дигитална настава за сите деца. Вклучувањето на ранливите категории во дигиталното општество не е ново“, рече Никола Љушев, директор на „Телеком“.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференцијата рече дека со ова се решава прашањето за пристап до интернет на социјално загрозените семејства.

извор:usb

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку...

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска...

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП Февзи Арифи.

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач...

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...