18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаСветКрамер: Вакцината против COVID-19 не треба да се измисли бидеќи ја има,...

Крамер: Вакцината против COVID-19 не треба да се измисли бидеќи ја има, само треба уште неколку дополнителни тестови.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Њујорк, 10 април 2020 (МИА) – Вакцината против коронавирусот ќе биде достапна многу скоро, а рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк.

<

Одговарајќи на прашањето колку е реално наскоро да ја имаме потребната вакцина, Крамер кажа дека е „многу реално“, бидејќи вакцината не е во фаза на истражување, туку дека веќе се прават клинички испитувања.

-Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе. Со оглед на тоа дека околу 40 компании се занимаваат со пронаоѓање на вакцината, не мислам дека нејзиното пронаоѓање ќе биде некаков проблем, објасни Крамер, додавајќи дека е тоа процес што трае околу 15 години, а сега е неопходно да се заврши за неколку месеци, што, како што вели, е предизвик и бара трпение.

Крамер напомена дека е ова редок случај во историјата да постои доволно пари за развој на вакцината за разлика од САРС и МЕРС за кои работата на пронаоѓањето на вакцината се прекина кога ширењето на заразата се стави под контрола.

На прашањето колку овој вирус се разликува од сезонскиот грип, Крамер кажа дека од молекуларна гледна точка тоа се два целосно различни вируси.

-Кога беше објавен генетскиот материјал на вирусот, сите во научната заедница знаеја за што станува збор. Најдрастичната разлика е во тоа што човековата популација апсолутно нема имунитет на него, а нема ниту лекови, ниту вакцина, и затоа тој се шири многу лесно. Ситуацијата со самото тоа е многу поопасна, објаснува научникот чија работа е фокусирана на пронаоѓањето на универзална вакцина за сезонскиот грип.

Негово мислење е дека ваквата ситуација ќе потрае барем до средината или крајот на мај и тогаш, како што вели, можеби ќе биде можно општествените активности до одреден степен да се вратат во нормала.

Но, вели дека е можно да се случи некаде повторно да избие епидемија и тогаш повторно ќе мораме да се вратиме на ваквиот режим на живот.

-Мораме да очекуваме дека брановите на пандемијата повторно да се појавуваат во текот на летото, есента и зимата, па затоа мораме да се навикнеме на ваквата ситуација до крајот на 2020 година, мисли Крамер.

Тоа што со сигурност може да реши, како што објаснува, е луѓето едно време да стануваат имуни и да не можат така лесно повторно да се инфицирата со овој вирус.

-Дури и да се случи повторно да се заразат, тоа ќе биде во далеку поблага форма на болеста, смета Крамер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија се враќа забраната за пушење и на затворените тераси – МЗ најавува законски измени

Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство. Нема толку инспектори колку...

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...