2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветСветската здравствена организација ќе испитува како е можно да биде олку заразен...

Светската здравствена организација ќе испитува како е можно да биде олку заразен медицински персонал од Ковид-19

spot_imgspot_img

Женева, 10 април 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) ги истражува причините за масовното заразување на медицински персонал со коронавирус во повеќе држави од светот.

-Од многу земји пристигнуваат информации дека бројот на заразени лекари, сестри и други медицински лица достигнал и до 10 отсто од вкупниот медицински персонал, а тоа е алармантна тенденција, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

СЗО ги истражува причините за оваа појава врз основа на информациите од Италија, САД, Шпанија, Кина и Сингапур. Во повеќето случаи, смета тој, станува збор за недостиг од искуство при работа со патогени на дишните патишта, долготрајните смени на лекарите и работата со голем број пациенти без доволно одмор.

-Податоците покажуваат дека заразата може да се спречи доколку медицинските работници правилно ги ставаат и носат личните заштитни маски и облека. Пристапот на таквите луѓе до маски, ракавици и други средства за индивидуална заштита е многу важна за тие да можат сами да ја вршат безбедно својата работа, подвлече д-р Гебрејесус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...