14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМвр казни инспектор кој се уклучил во живо на Фејзбук со што...

Мвр казни инспектор кој се уклучил во живо на Фејзбук со што го нарушил угледот на МВР.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврди дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР, информираат од министерството.

<

„Од страна на Одделот за внатрешна контрола  утврдено е дека тој објавил видео на 08.04.2020 во 20,20 часот со вклучување во живо на својот Фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул.„ Партизански одреди“. Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20 часот. Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР“.

Од МВР апелираат ,граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи, да ги почитуваат законските прописи и да се придржуваат кон мерките и одлуките на Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...