15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за здравство ќе истражува кој го донел вирусот во земјава.

Министерството за здравство ќе истражува кој го донел вирусот во земјава.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нови 4 жртви од корона вирусот во земјава. Починатите на возраст до 58 до 79 години се лекувале на клиниката за инфективни болести во Скопје. Сега вкупниот број на починати се искачи на 38. Во изминатите 24 часа, во земјавата се регистрирани 26 заразени со вирусот. Најмногу или 11 се во Куманово по што следат Скопје и Тетово со по 4ца новоразаразени, Прилеп три, Велес два нови случаи.

<

Во меѓувреме министерството за здравство истражува од кога коронавирусот е присутен во државата. Според информациите на Сител со тестови за присуство на антитела на вирусот се тестираат претставници на дел од дипломатско конзуларните преставништва, а интензивно се работи и на случајот со починатата жена во Велес која беше позитивна на тестот.

Дали вирусот бил присутен многу порано од првиот регистриран случај, ќе се истражува и со скрининг на населението. Низ таквиот процес ќе минат до 30 проценти од населението во регионите каде повеќе не се регистрираат нови заразени.

Од здравство најавиа зголемување на капацитетите за утврдување присуство на корона вирусот. Наскоро брисеви ќе се проверуваат уште во Институтот за судска медицина и МАНУ. Според здравствените власти со ова ќе се намали времето за добивање на резултатите.

ВО меѓувреме, од денеска е активна мобилната апликација Стоп корона која ќе служи за откривање на контакти со потенцијално заразени со коронавирус.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...