16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанецот Али Февзи со свој пари купува храна и ја дели на...

Скопјанецот Али Февзи со свој пари купува храна и ја дели на сиромашните лица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е мотото со кое денеска во 6 часот наутро се разбуди 38-годишниот Али Февзи – хуманитарецот со големо срце кој во оваа тешка криза одлучил да одвојува од сопствениот џеб за да нахрани барем по 20 семејства секој ден.

<

Добродушноста на овој Чаирчанец е прочуена од Драчево па се до Ѓорче.„Најмалку 5-6 часа ми одзема целиот процес – од пазарувањето па доставата низ Скопје. Околу 70-80 километри дневно поминувам со колата,“ вели Али Февзи.

Али не знае за поделба по пол, возраст или вера. Храната што ја купува најчесто ја носи кај социјално загрозени семејства, самохрани мајки со мали дечиња или стари и изнемоштени лица.Дневно прави промет и до 10.000 денари. Утринава го придружувавме додека со задоволство пазаруваше за мајка-вдовица која живее со нејзините две деца на 7 и 4-годишна возраст во населба Бутел.

Зад неговата хумана мисија се крие приказна, која што ретко кој ја знае. Пред 6 години за малку не настрадал во експлозија на плинска боца во зградата во која живее.Неговата „втора шанса“ за живот, како што ни раскажа, решил да ја преточи во несебична помош за оние кои се на работ на егзистенцијата.

„Од тогаш реков – колку што имам сила, ако имам на пример 1000 денари во џеб, ќе потрошам 800 за некој друг. Немам потреба да имам многу пари во животот. 17 години сум во брак, немам деца. Сакам секое дете што е ненајадено, ненапиено или е без татко и мајка, сакам да му помогнам,“ вели Али Февзи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...