17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанка заразена со коронавирус: Соседите МИ СЕ ДЕРАТ кога излегувам на тераса!

Велешанка заразена со коронавирус: Соседите МИ СЕ ДЕРАТ кога излегувам на тераса!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Велешанка која пред неколку денови дознала дека е позитивна на тестот за коронавирус доживува вистинска драма, откако соседите од катот погоре на зградата во која живее, почнале да негодуваат што нивната сосетка излегува на тераса.

<

Велешанката е разочарана од овој однос на соседите и им порачува дека вирусот не бира кого ќе го инфицира. Го објавуваме во целост писмото кое ни го испрати, а со кое им се обраќа на сите граѓани.

„Драги велешани, мои сограѓани. Имам 67 години и сум позитивна на Ковид-19. Велат дека се заразив од соседите. И сигурно е така, затоа што бев блиска со нив. Но, јас не се лутам на никого. Кој сака да биде болен? Кој сака да биде изолиран? Ама и несаканото доаѓа и те удира како „гром од ведро небо“. Сега седам дома сама и не сакам никој да знае како ми е. Мислите се секогаш тука, како ќе поминам, како ќе завршам. За да заборавам барем малку на тоа што ме снајде, читам книги, решавам крстозбори, редам детски слагалки и слушам музика.

Повеќе време поминувам на фејсбук, на вибер и месинџер. Инаку, имам голем број пријатели, роднини и прекрасни соседи. Во секое време ме прашуваат дали имам потреба од нешто.

Ама денеска ми случи нешто, што не го очекував. Не можам да разберам дека некој може така да размислува, дури и да ми каже да не седам на мојата тераса, затоа што нејзината ќерка си играла горе, на нивната тераса, па можела да се зарази. Се шокирав, но сепак се јавив кај лекар и прашав за совет. Лекарот се насмеа и ми кажа дека, иако секојдневно слушаат како се пренесува оваа болест, луѓето ништо не разбираат. Јас од нив не барав ни сожалување, ни разбирање.

Сега се прашувам како размислуваат овие луѓе што не се болни, дали мислат дека се недопирливи. Оваа невидлива болест доаѓа „од нигде никаде“, ненадејно и кога најмалку очекуваш, ќе ти кажат дека си позитивен. Ако утре тие се заразат, јас ќе помогнам и сигурно нема да забранам да го дишат воздухот и да седат на сонцето што грее за сите подеднакво. Имајте разбирање за луѓето што се во изолација, поддржувате ги, затоа што тоа е многу важно во ова чудо време – невреме.

Ве поздравувам сите и ви ги честитам Велигденските празници.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...