29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДисциплинска постапка за полицајците кои без заштитна опрема привеле скопјанец кој го...

Дисциплинска постапка за полицајците кои без заштитна опрема привеле скопјанец кој го шетал кучето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Внатрешна контрола иницираше дисциплинска постапка против полицајците кои не носеле заштитна опрема при приведувањето на скопјанец кој го шетал кучето за време на полицискиот час. Како што информира МВР, настанот се случил вчера околу 14.30 часот на улицата Антон Панов во Скопје, кога полицијата го привела С.Б. од Скопје.

<

– По вклучувањето и на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, констатирано е дека лицето во посоченото време било надвор заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици, така што согласно член 206 од КЗ на РСМ лицето било приведено во полициска станица.

Исто така, констатирано е дека при преземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на Упатството за начинот на однесување на работниците во МВР во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус и препораки со цел спречување на ширење на коронавирусот без пропишаната заштитна опрема.

Следствено на тоа, против полициските службеници кои превземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност – се вели во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...