14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија со услови- Македонскиот јазик ,нација култура идентитет и историја...

Бугарија со услови- Македонскиот јазик ,нација култура идентитет и историја да се избрише за влез во ЕУ-

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство во Бугарија“ и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања… ако сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, се вели во документот до кој дојде МКД.мк. Оваа Изјава на Република Бугарија, која МКД.мк ексклузивно ја објави на 17 април, стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија. Со ова Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија и Албанија.

<

Нема ништо ново во ставот на Бугарија во однос на македонскиот народ, јазик и малцинство, но оваа изјава на Бугарија стана дел од протоколот за преговарачкиот пакет.

Бугарија потсетува дека спроведувањето на билатералниот договор ќе биде проценувано во сите фази на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, вклучително и пред Република Бугарија да даде согласност за одржување на првата Меѓувладина конференција, која би требало да се одржи во јуни.

За Бугарија спроведувањето на Договорот подразбира дека Македонија треба строго да се придржува кон измените во Уставот според Договорот од Преспа и паралелно во целост да го спроведува и да го почитува Договорот со Бугарија.

Се бара постигнување конечен договор „за целиот спектар од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања создадени според Договорот, вклучително и постигнување договор за клучните фигури и настани од нашата заедничка историја со Република Северна Македонија до 1944 година, на специфичните датуми за заедничко одбележување на оние настани и бројки за кои е постигнат договор; и замена на информативните табли и други индикации, вклучително и оние на историски и културни споменици, во согласност со договорените текстови“.

 

Македонските политичари, се бара во овој бугарски документ, треба да се воздржуваат од давање изјави, искажување ставови што ќе може да бидат протолкувани како отворање на прашања и противречности во однос на договореното меѓу двете влади. Македонските политичари нема да смеат да даваат изјави или да поддржуваат организации што тврдат дека постои т.н. „македонско малцинство“ во Република Бугарија. Тоа нема да смеат да го прават ни во меѓународните организации, како што е на пример Советот на Европа и во други мултилатерални формати и механизми за набљудување.

мкд.мк

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...