16.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец се жали: Волци ми го јадат бостанот, а пченката ми е...

Македонец се жали: Волци ми го јадат бостанот, а пченката ми е гризана од мечки !!!

Земјоделците од регионот на Извор, Велешко реагираат дека дивечот им го уништува родот. Ваквата состојба трае со години, но никој не презема мерки да ги заштити. Еден од тие што го има овој проблем е Иле Пешовски кој има ниви близу селата Долно Врановци и Стари град.

Дивите свињи ми ја изедоа пченката, додека волците се настрвија на бостанот. Многу штета имам летово. Треба ли пушка да земам и да се бранам од дивечот. Пријавувам за ова до полиција и толку. Сите креваат раце, а јас и десетина други комшии сме оштетени. Не е прва годинава. Ова се случува со години наназад, а спас нема“, вели Пешовски.

Со постојниот Закон за ловство, волкот и дивата свиња не е дивеч кој е заштитен. Трајно се заштитени мечката, рисот, дивата мачка, шакалот, јазовецот, видрата, верверицата и други ретки животни и птици кои живеат во Македонија.

Од Министерството за земјоделие, шумарство објаснуваат дека секој поединец, кој има штети од дивеч, истите може да ги пријави.

„Во сите подрачни единици на Министерството со решение на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, формирани се комисии за утврдување на штети од дивеч. Потребно е оштетените лица да ги пријави штетите во Подрачната единица во Велес“, соопштија од Министерството.

П. ПЕЧКОВ
Сдк.Мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...

Игор Стефаноски победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!

Македонија, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на...

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️…

Угина мечка во ЗОО Битола ‼️… Скандал по скандал, ја следат Зоолошката градина во Битола. Животните кои со децении се чуваат како затвореници, во крајно...

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти

Стојанче Ангелов го прослави 52-ри роденден со две торти. Еден по еден, еден. Една по една… 52. Така денес Стојанче Ангелов ги брои своите години,...