12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМомче од Кичево имало пнеумонија, а по грешка го запишале дека е...

Момче од Кичево имало пнеумонија, а по грешка го запишале дека е болен од Корона.

spot_imgspot_img

19-годишно момче од Кичево било хоспитализирано во Охрид со пневмонија, каде двата теста за коронавирус биле негативни. Поради компликации, момчето е префрлено во болницата „8 Септември“ во Скопје, каде се направени нови два теста, и тие негативни
Сакаме јавноста и нашите сограѓани да знаат дека детето е негативно, а институциите да ја најдат грешката и за тоа да има одговорност, велат од семејството кое деновиве живее под стрес
Семејството на пациентот од Кичево, за кого беше известено дека е втор дијагностициран случај на ковид-19 од овој град, тврди дека детето е негативно на сите досега направени тестови.

Станува збор за пациент на 19-годишна возраст, кој бил хоспиталзиран на Инфективното одделение во охридската болница со пневмонија. Таму бил тестиран два пати за новиот коронавирус и двата теста биле негативни. Поради компликации со пневмонијата, момчето е префрлено на лекување во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде повторно му се направени два теста за ковид-19.

Како што тврди неговиот чичко, Спасе Дамјаноски, за веб порталот 360 степени тие биле известени дека тестовите се негативни, а детето, сепак, заврши во статистиката на Министерството за здравство како второзаболен со ковид-19 од Кичево.

„Мојот внук со пневмонија беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Охрид. Таму му беа направени два теста на ковид-19 и инфектологот нè информираше дека резултатите се негативни. Откако го префрлија на лекување во болницата „8 Септември“ во Скопје, повторно бил тестиран и, како што нè известија, и на тамошните два теста детето е негативно на ковид-19. Сакаме да знаеме зошто на детето во рок од 10 дена му се направени четири теста и дали тоа е во ред? По информацијата дека има втор заболен случај со коронавирус од Кичево, описите во медиумите одговараа на нашиот внук, а тој е негативен. Сакаме јавноста и нашите сограѓани да знаат дека детето е негативно, а институциите да ја најдат грешката и за тоа да има одговорност“,

вели Дамјаноски за „360 степени“.
Од семејството Дамјаноски велат дека иако не добиле никаква потврда или решение дека треба да бидат во изолација, полиција доаѓа и ги проверува дали се дома.

„Испративме дописи и до Министерството за внатрешни работи и до Министерството за здравство за да бидат запознаени со нашиот случај. Сега наместо да се грижиме за тоа дека детето е во болница и да мислиме на неговата здравствена состојба, ние се занимаваме со грешка за која не сме виновни. Бараме сите надлежни институции да се ангажираат за да ја лоцираат грешката и да има одговорност, бидејќи ние овие денови живееме под стрес“,

вели Дамјаноски.
Дека тестовите на момчето направени во ГОБ „8 Септември“ биле негативни, за „360 степени“ потврди и директорот на болницата, д-р Кристијан Костов. Засега е нејасно каде настанала грешката и зошто пациентот е заведен како позитивен.

„Два негативни бриса“,

ни одговори Костов на нашето прашање за резултатите од тестирањето на конкретното лице.
Во телефонски разговор, директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, ни рече дека дополнително ќе ги провери случајот и резултатите од тестовите, бидејќи кога му се јавивме веќе не беше на работното место.

„Засега можам да кажам дека се следи клиничката слика на пациентот, а дополнително ќе проверам и ќе известам за резултатите“,

ни рече Мемети.
На 14 април беше соопштено дека е потврден првиот случај на ковид-19 на лице од Кичево. Првозаболениот се вратил од привремена работа во странство и веднаш бил спроведен во државен карантин, според протоколите. По неколку дена тој развил симптоми, а тестот се покажал позитивен.

Два дена подоцна беше соопштено дека е дијагностициран и втор пациент со ковид-19 од Кичево, за кој институциите треба да дадат подетални одговори.

Според денешните информации на СВР Охрид, под чија надлежност е Кичево, во овој град во самоизолација се вкупно 28 лица.

Ивана Настеска 360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...