19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЧулев бара за 1-ви мај да нема полициски час, но министерот Венко...

Чулев бара за 1-ви мај да нема полициски час, но министерот Венко Филипче не се согласува со таа одлука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На утрешната владина седница ќе се одлучува за евентуално продолжување на полицискиот час за време на Првомајските празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека мислењето на Комисијата за заштита од заразни болести, со консензус, сметаат дека полицискиот час треба да биде продолжен, односно да трае од четврток навечер до понеделник наутро.

<

Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од Комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.

Филипче кажа дека на утрешната ќе се слушнат сите предлози и ќе се донесе крајната одлука.

Вчера инаку тој одговарајќи на новинарско прашање кажа дека Владата, зависно од однесувањето на граѓаните деновиве, ќе донесе одлука дали празникот 1 Мај ќе го поминеме во карантин.

– Видовме слики од овие изминати денови од граѓани кои навистина ги почитуваат мерките, но има и голем број граѓани кои не ги почитуваат овие мерки. Мерката на разлабавување на полицискиот час ја донесовме заедно со мерката за задолжително носење заштитина опрема. Ако овие мерки не се почитуваат ќе имаме несакан ефект.

Ќе го следиме однесувањето на граѓаните и ќе донесеме одлука какви мерки ќе преземеме за следниот викенд – соопшти министерот Филипче на вчерашната прес конференција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...