27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаСветСловенија на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата

Словенија на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Словенечкиот премиер Јанез Јанша од Собранието порача дека земјата најверојатно на 31 мај ќе прогласи крај на епидемијата поради корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

<

Според Јанша ова нема да се случи единствено ако има неочекувано влошување на ситуацијата, односно ако се појават голем број новозаразени.

– Словенија за точно два месеци успеа да ја совлада епидемијата и моментално има најдобра епидемиолошка слика во Европа, а тое е услов да прогласиме крај на епидемијата на корона вирусот. Датумот 31 мај е одбран бидејќи тогаш завршува и поддршката предвидена со двата Закон во помош на граѓаните и економијата погодена од глобалната пандемија, изјави Јанша.

Премиерот, сепак, кажа и дека опасноста од втор бран е реален и дека земјата влегува во нова фаза во долгата борба со заразата. Јанша потврди и дека по прогласувањето на крај не епидемијата, заштитните превентивни мерки ќе останат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...