14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија100 ГОДИНИ „ТРЕБЕНИШТA“ ВИРТУЕЛНО И ВО БЕЛГРАД

100 ГОДИНИ „ТРЕБЕНИШТA“ ВИРТУЕЛНО И ВО БЕЛГРАД

spot_imgspot_img

Со виртуелната изложба „Требениште“, Народниот музеј од Белград ја одбележува 176-годишнината од своето основање, пишува Нова Македонија.

Таа може да се погледне на неговата веб-страница, а од музејот, по повод јубилејот на 10 мај, посочуваат дека станува збор за меѓународниот изложбен и истражувачки проект „Требениште“, со кој, по повеќе од сто години од откривањето на истоимената некропола кај Охридско Езеро, првпат се обединети археолошките наоди што се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, во Археолошкиот музеј на Македонија, во Музејот во Охрид и во Народниот музеј во Белград, како и истражувањата на стручните лица од Бугарија, Македонија и од Србија.
Виртуелната изложба е подготвена со експонатите од Народниот музеј во Белград, а ваквиот вид посета се реализира поради пандемијата на коронавирусот, која сѐ уште трае.
Народниот музеј во Белград се смета за најстар државен музеј во Србија, основан со указ на тогашниот министер за просвета, писателот Јован Стерија Поповиќ, каде што денес се чуваат и документираат повеќе од 450.000 музејски предмети. На неговата веб-страница во овој период, освен „Требениште“, се и уште две нови виртуелни изложби: слики на Влахо Буковец (од музејската колекција) и изложбата „Слики од Балканот“ на Паја Јовановиќ.
Речиси пред два месеци, на средината на март, Археолошкиот музеј на Македонија прв ја понуди по виртуелен пат посетата на, како што ја нарече, „најексклузивната интернационална изложба на овие простори – 100 години Требениште“, која во неговите простории во Скопје, на свечен начин, со присуство на многу луѓе, беше отворена лани на 15 март.

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески пак по овој повод на својот фејсбук профил напиша:

– Во оваа пригода сакам да споделам дека преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година се обезбедени 2.500.000 денари за првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа и негова адаптација во Културно-изложбен центар на општина Дебрца, во кој ќе бидат претставени археолошките откритија од Требенишкото Кале , Требенишката Некропола и од другите археолошки локалитети во општината, напиша Ногачески.

Публицитет.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...