13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонија56-годишен скопјанец ограбен од љубовницата која ја запознал на фејзбук. (Видео)

56-годишен скопјанец ограбен од љубовницата која ја запознал на фејзбук. (Видео)

Ја запознал на фејсбук мислејќи дека ќе му биде животна сопатнична, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе избега. Со ваков проблем се соочува 56 годишниот скопјанец Благојче Петревски , кој останал без своите 3 000 евра, пари кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница. Таа заминала без трага и глас.

Но Благоја кој случајот го пријавил во МВР, вели дека не е единствениот измамен од 49 годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од 3ца мажи, од други градови.

Од МВР велат дека таа заработила кривична за кражба уште во 2014 година.

Во врска со Вашето барање, Ве известуваме дека во СВР Битола и ПС Прилеп дека против лицето Л.В. од Прилеп во 2014 година поднесена е една кривична пријава за кражба по член 235, став 1 од Кривичниот законик. Во нашите евиденции за други настани и пријави за лицето нема пријава.

Но, во билтенот на МВР , од пред две години стои уште една кривична пријава против женско лице со исти иницијали од Прилеп, која од своја вујна украла 84 000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Л.В. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 03.12.2017 година пријавената заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на Д.П. извадиле 4.000 денари, по што пријавената ги зела парите и картичката. Потоа, во текот на декември 2017 година од картичката повлекла вкупно 80.000 денари, со што се стекнала со протвправна имотна корист од 84.000 денари.
сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...