31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош не сакале да му...

Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош не сакале да му укажат лекарска помош.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, дознава Слободен печат.

<

Сепак Филипче рекол дека не дошло до напад, туку дека човекот бил вознемирен затоа што бил на мака.

-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, вели Филипче за „Слободен печат“.

Според полициската белешка, утринава во 7 часот и 15 минути од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерството за здравство.

Од Страна на полициска станица Центар испратена е служба која констатирала дека се работи за лицето А.А. родено 1987 година. Лицето кај себе немало оружје. Лицето се состанало со министерот за здравство разговарале за некој проблем што го имал на една од клиниките и потоа си заминало, стои во полициската белешка за настанот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...