7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОстави два сина на фармацијата- Петар Мојсоски, првиот здравствен работник кој почина...

Остави два сина на фармацијата- Петар Мојсоски, првиот здравствен работник кој почина од Ковид-19

Вчера битката со Ковид-19 ја загуби првиот здравствен работник, фармацевтот Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга.

„За жал, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена заштита, на своето работно место, во аптека, се зарази од вирусот SARS-CoV-2. Болеста го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје“- соопштија од фармацевтската комора.

Од таму не информираат дека Петар бил посветен на фармацијата и здравиот живот.

-Неговите два сина студираат фармација. Беше здрав и во добра кондиција. Дури не ни се верува што се случи. Шокирани сме. Работеше во аптека, која се наоѓа веднаш до амбулантата, во која лекарот и целото негово семејство беа заразени со Ковид-19, но за среќа оздравеа. Ама Петар ја изгуби битката. Долго време беше изложен на вирусот, долго време на респиратор. Посветен на здрав живот, на растенијата. Ние фармацевтите бевме маргинализирани во оваа борба против Ковид-19 а фармацефтите се најизложени. Сите пред да одат на лекар доаѓаат во аптека, велат од Фармацевската комора.

Стручните знаења како и љубовта кон природата ги користел во интерес на науката и публикацијата. Уште за време на студирањето тој започнал  да објавува  научни трудови од областа на  лековитите растенија и нивната употреба. Во  2005 година ја објавил својата прва книга „Лековити растенија на планината Јабланица“, во 2008 „Природни антибиотици“ и во 2009 „Отровни билки“. Петар Мојсоски целата своја кариера ја посветува на пациентите работејќи во аптека најдолго во родното Подгорци како и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје.

Фармацевтската комора апелира уште еднаш на почитување на мерките за заштита.

„Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека. Препораките се објавени на веб страната на Фармацевта комора www.fk.mk. Потребни се координирани чекори со Министерството за здравство и другите здравствени установи и работници во понатамошниот развој на настаните поврзани со преземање на мерки за заштита и ширење на болеста.  Ја истакнуваме потребата од поголема вклученост на Министерството за здравство во донесувањето на понатамошните мерки и препораки за работа на аптеките и здравствените работници кои работат во нив“ , додаваат од фармацевтската комора

mms.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...