18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУрбаната мафија, преставуваат Тотем на владеењето на партиите во Македонија!

Урбаната мафија, преставуваат Тотем на владеењето на партиите во Македонија!

spot_imgspot_img

Додека Cosa Nostra, ( Наша работа), преставуваше криминален синдикат во Сицилија, Италија ,по принцип на криминални групи кои имаат слична организациска структура и кодекс на однесување, Cosa Nostra подолг временски период функционира во Охрид и Струга во делот на урбанистичкото дивеење.

За разлика од Cosa Nostra во Италија , во Македонија овие криминални структури се под заштита на државата , поточно уживаат партиска заштита од партиите кои ја практицираат власта.

ДИВОГРАДБИ ЗА ПОЛИТИЧКИ КОМПРОМИСИ?!

Во 2003 година , тогашната власт предводена од СДСМ превзеде акција , во која се рушеја буквално сите дивоградби кој изникнаа во период од 1996 до 2002 година.Тогаш државата се справи со дивоградбите , дури одредени дивоградби беа срушени до темел со примена на експлозив. Сите оние кој имаа изградено дивоградби , од државата си добија и соодветни фактури за трошоци при рушење и сите си ги платија.

Тогаш не псотоеше политичка воља на партиите на власт , туку се спроведе уредно законската регулатива, нешто што денес не се прави поради ситни политички интереси!!

Регистарот за дивоградби кој го изготви Општина Охрид ,никако да го виде светлото на денот, едноставно од Општина Охрид тврдат дека постои , додека доколку се побара истиот на јавен увид , од Општина Охрид се правдаат дека не смееле да го даваат на увид, некој решенија не биле правосилни?!

Јавна тајна преставува дека одредена градежна фирма , поточно еден советник во советот на Општина Охрид ,цели 6 години функционира по принципот на Cosa Nostra.Истиот изградил добра политичка основа (претседател на ДУИ во Охрид), но и добра шема на свои послушници кој дел се раководители во Општина Охрид, а дел се подрачни началници на министерста, претседатели на судови, обвинители и секако оние без кој криминалот не може, првите луѓе на охридско-струшката полиција! Игранката Cosa Nostra започна и таа си тера,тера , додека народот зборува , тие си градат .

Она што зачудува ,а што власта го премолчува преставува фактот како тоа се градат дивоградбите во Општина Охрид?

-Најнапред човек кој има своја локација или до него е државно земјиште ,а тој има желба да си гради ,а не може да добие градежни дозволи, се обраќа кај „советникот“ и неговата градежна фирма. Од страна на советникот добива понуда , во која граѓанинот најнапред треба да плати од 5000 до 15000 евра , во зависност од квадратурата ,на име на ЗАШТИТА, но и да потпише писмен договор со фирмата на „советникот“ ,дека таа ќе го гради објектот по пазарна цена за градба?! Заштитата која ја плаќа граганинот има цел на дознака на плаќање ,за наводна заштита која му ја нуди советникот ,дека никој нема да може да му ја турни дивоградбата , ни и дека истата после фаза на градба ќе му биде легализирана согласно законот за легализација на диво изградени објекти,за што граѓанинот се обврзува дополнително да си ги плати сите трошоци кој произлегуваат од легализацијата. Ваквиот пронцип функционира беспрекорно наназад 7 години.До овој момемнт советникот има изградено над 100 вакви дивоградби и доколку се помножи сумата која се земала за наводна заштита во просек од 10.000 евра ,само по основ на наводна заштита ,советникот инкасирал над 1.000.000 евра! Секако дека во наведената сума има и за шарцу но и за магарцу, но севкупната шема на криминални дејствија лежи токму во Општинската зграда во оделението за Урбанизам , со кое над 15 години раководи Мечката Бранко Арнаудов.Четири пати се менвува власта во Охрид Мечката Бранко Арнаудов и покрај законските услови кој ги исполнал за заминување во пензија веќе 3 години ,никако да замине , туку напротив се уште е Cosa Nostra во Општина Охрид,кој е основен генератор на сите матни урбанистички игри кој две децении се одвиваат во Охрид.

Додека Рамиз Мерко јавно се произнесе дека на државата воопшто к.р да не ја били , тој бил власт кој се прашувал , во Охрид состојбата е сосема поинаква од она аодлучност на Мерко.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски буквално поставен е на Сизифови маки.Георгиевски наполно свесен дека работата од поодамна заминала во мајчина и свесен дека полициско-обвинителско-судската власт немаат намера ,а уште помалку желба да се справат со оние лица со кој дебело си соработуваат, Георгиевски се најде во состојба да биде помеѓу Чекан и Наковална на партиите на власт.Герогиевски во своето гостување на емисијата „Стадион“ на Канал 77 , јавно кажа дека стравува по неговиот живот и животот на неговите најблиски ,доколку оди да руши дивоградби и тука неговотот стравување е сосема оправдано, доколку јасно се гледа фактот , дека најголемиот број на дивоградби се прави токму во време на Вонредна состојба , во време на полициски час се градат дивоградби во Градиште , Свети Стефан ,каде изникнаа цели ресорти, во време на полициски час и вондредна состојба изникнаа над 40 нови дивоградби долж обалата на Охридското Езеро во месноста Воска и месноста Рибница на стариот пат Охрид-Струга.Георгиевски добро знае дека ваквите против законски дејствија јасно можеле да ги воочат полициксите службеници ,кој во време на Карантин единствени тие патролираа на територија на Општина Охрид , зошто не превземале , одговорот само на малоумни може да им биде непознат.

ДРЖАВАТА ГИ АМИНУВА ДИВОГРАДБИТЕ И ГИ МОТИВИРА!

Доколку се земе фактот дека валдата нема покажано енергична воља во постапување кон санкционирање на прекршителите на закон во сверата на урбанизмот, туку напротив таквите лица се буквално присутни на сите големи настани на партиите на власт во првите редови , повеќе од јасен преставува фактот ,дека власта нема намера да се справи со ваквите ликови.Тие ликови Cosa Nostra,преставуваат Тотем на владеењето на партиите во Македонија ,каде докажувата дека само нивниот личен и патриски интерес е вечен ,дека законите се пишувани за смртниците ,а не за оние одбрабите од Cosa Nostra власта.

Сашо Денесовски охрид скај

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...