15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБРАВО и за тимот во Жан Митрев: Конечно малечката Бисера здрава и...

БРАВО и за тимот во Жан Митрев: Конечно малечката Бисера здрава и права си замина дома…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката на малата Бисера, Александра Алексоска сподели дека конечно, после сѐ, Бисера е дома.

<

„Добар ден, добри луѓе… што да кажам? Од каде да почнам? Дома сме!…и вие сте причината за тоа. Едно семејство усреќивте. На едно бебенце му помогнавте. Среќата… па не можам ни јас сеуште да ја објаснам. Не знам дали можите да замислите… цели 8 месеци… Кога се изгледаше недостижно, страшно, невозможно, вие верувавте во нас и не поддржавте. Најголема благодарност до сите вас што верувавте во нас! Огромна благодарност до Клиниката Жан Митрев пред сѐ за нивната грижа и љубов кон нашата Бисера, а потоа сѐ останато..апсолутно сѐ . Исто така сакаме да им се заблагодариме на одделот Интензивна нега на Детска клиника кои беа во најтешките моменти со нашата Бисера и дадоа сѐ од себе за да стигниме до вистинскиот пат. Ви благодариме за донациите кои го овозможија закрепнувањето на Бисера. Златни луѓе. Здрави и живи да ми сте сите. Но најголема благодарност до нашите семејства, за нивната најголема поддршка, разбирање, љубов. Ве сакаме. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе продолжиме да му се радуваме на животот кој ни е подарен од Бога. Бисера е дома. Имаме долг и тежок пат пред нас, но со Господ напред, секогаш е полесно кога сме заедно. Поздрав од Мама, тато и Бисера!“ – сподели Александра на фејсбук.

Видео споделија од клиниката Жан Митрев, велејќи дека Бисера е спремна да расте дома и дека домашната љубов не може ништо да ја замени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...