21.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСе извини човекот кој повикуваше на Џихад

Се извини човекот кој повикуваше на Џихад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Човекот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, денеска се извини за искажаното.

<

Говорникот чие име е Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.

„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи.

Во саботата дел од муслиманските верници од Велес се собраа на мирен протест, поради тоа што лице од Штип со погрдни зборови го навредил Алах. Во своето обраќање, Мемедовски упати закани со војна.

„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да војуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да војуваат во името на Алах.

Неколку минути откако вчера Батали.нет го објави видеото, тоа беше избришано од фејсбук

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје...

Општина Охрид Ве поканува на одбележување на Јубилејот: 60 години од смртта на најпознатиот македонски трубадур Климе Садило.

„Заборавениот Звук“ во спомен на Климе Садило Општина Охрид Ве поканува на одбележување на Јубилејот: 60 години од смртта на најпознатиот македонски трубадур Климе Садило. 12...

Сања Миа ги отпеа своите маки и страдања во новата печалбарска песна – „Сакам дома да си дојдам

Сања Миа со нова песна: „Сакам дома да си дојдам“ — животна приказна од болка, мака и нова среќа. Некогашна ѕвезда на македонските кафеани, пејачката...

Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел

На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места...