29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСе подбиваа со мене, па ме пцуеја дека сум во врска Македонец:...

Се подбиваа со мене, па ме пцуеја дека сум во врска Македонец: Љубовната приказна на Паула Купер Трајковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Филмска приказна има љубовта на музичарката Паула Купер Трајковскиод Jужна Каролина и на Бојан Трајковски од Скопје. Се запознале во Ирак во 2009 година, а 11 години потоа успешно го градат својот заеднички живот во Скопје, како родители на петгодишниот Ноа. Паула, која на домашната јавност ѝ е позната по дуетот „Ocean Dreams“ со Гаро Тавитјан вели дека се соочувала со многу непријатности и предрасуди откако живее во Скопје. „Ми се случило луѓе да вперуваат прст кон мене, да ме нарекуваат со погрдни имиња, да се подбиваат со мене, па дури и да ме пцујат. Ме имаат нарекувано и со погрдниот збор што почнува на буквата „н“ ,и сето ова доаѓало од луѓе што мислеле дека се „кул“ и луѓе што, во суштина, се расисти “, раскажа шарматната пејачка за Женски магазин. Сепак, таа со насмевка вели дека поради многу нешта, го избрала Скопје за нејзин дом, и решила дека позитивните искуства со добрите луѓе ќе ги победат негативните. Покрај тоа што се занимава со музика, Паула има и своја веб-страница за продажба на персонализиран накит, којашто се вика Noa Personalized Jewelry, а исто така работи и како службеничка за профилирање лицa (проверка на биографски податоци).

<

*Имате интересна љубовна приказна со сопругот Боја кој е од Скопје. Како се запознавте, во кои негови квалитети се вљубивте?

-Ах, тој има толку многу квалитети. Се запознавме во Ирак, во 2009 година. Мојот сопруг не само што е згоден туку има и големо срце и почит кон сите. Интелигентен е, отворен, забавен и заштитнички настроен. Потекнуваме од различни места, но негуваме исти вредности. Кога сум со него можам да бидам стопроцентно своја, а кога сме заедно се чувствувам како да сум дома, што е навистина прекрасно чувство. Ова се само само мал дел од причините поради кои се вљубив во него.

За повеќе може да прочитате тука:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...