Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека мнозинството туристи не ги почитуваат владините препораки и мерки за заштита од коронавирусот во Охрид, кој денеска изгледа како да е сред туристичка сезона.По најавениот полициски час од страна на Владата кој за Скопје започна од синоќа, повеќе од 20 илјади возила го напуштија главниот град, а според фотографиите од патарините, голем дел од нив завршија во Охрид и Охридско.