22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаНа мака се познаваат хероите: Али Февзи за 4 месеци има помогнато...

На мака се познаваат хероите: Али Февзи за 4 месеци има помогнато на 500 семејства, најмногу со свои пари (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Али Февзи е еден од ретките луѓе кои од сопствениот домашен буџет издвојува средства за да им помага на сиромашните. Неговата хумана мисија започнала пред четири месеци, кога им помогнал на три фамилии со седум деца, пишува Слободен Печат во нивната статија за хуманиот граѓанин.

<

– На почетокот храната ја купував од свој џеб. И сега купувам со мои пари, ама добивам и помош. Пред неколку дена добив донација од 200 пакети, а 450 пакети добив од Зоран Заев. Би сакал и другите политичари да донираат, зашто со тоа не ми донираат мене, туку на сиромашните, вели Али за Слободен Печат.

Али додава дека се случувале и обиди за манипулација, донација барале и луѓе на кои не им треба помош.

– Има обид да ме излажат. Ама јас имам тактика. Им барам фејсбук, и преку сликите дознавам како живеат и дали навистина им треба донација, објаснува Али.

Али Февзи вели дека во моментов се соочува со проблеми околу доставата, бидејќи му се расипал автомобилот, а соседите во Аеродром каде што е неговиот берберски салон се жалеле на зголемениот број луѓе кои доаѓале да си ги земат пакетите.

– Имам обид да воспоставам комуникација со некои луѓе да ми помогнат за транспорт и обезбедување намирници. Вчера сакав да разговарам со менаџерот на еден маркет, не сакаше да ме прими. Откако прочитал за мене и видел слики, ме побара, денес ќе се видам со него. Ако успеам да се договорам, ќе можам да направам 1.000 пакети месечно и ќе кажам дека сум успеал. Најсреќен сум кога помагам. Вчера бев кај самохрана мајка со две деца. Фрижидерот и беше празен, само јогурт имаше. Децата беа пресреќни кога ја видоа храната, тоа ми ја полни душата, вели Али и додава дека 70 проценти од донациите се за самохрани мајки.

Извор Слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...