16.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаСветМи рекоа имаш 10 минути да се простиш од семејството: Потресно сведоштво...

Ми рекоа имаш 10 минути да се простиш од семејството: Потресно сведоштво на заразен со коронавирус

На 65-годишниот Британец Хју Молеј лекарите му дадоа само 10 минути да се збогува од семејството пред да биде пуштен на респиратор поради влошување на симптомите од корона вирусот. Откако страдал од симптоми во домашни услови една недела, тој конечно бил примен во болницата на 20 март, а следниот ден, околу 4 часот наутро, неговото ниво на кислород драстично се намалило.

Неговата единствена надеж била респиратор – машина која ја презема функцијата на дишење кога болеста предизвикува откажување на белите дробови.

На Хју му било кажано дека тој веројатно нема ни да се разбуди и додека чекал да го успијат за да го интубираат, тој ги викнал сопругата и ќерките да се збогуваат.

– Имав толку малку време, морав да размислувам брзо да кажам нешто значајно.

Така му паднала на ум една песна за зачувување на скапоценото време што го поминал со своите најблиски.

Се наоѓал во индуцирана кома 9 дена и иако лекарите мислеле дека нема надеж, тој се разбудил!

– Првите неколку часови по будењето беа како сон, како фантазија. Се сеќавам на мало чешање во градите каде беше респираторната цевка.

Сепак, чувството за целосна физичка слабост било најтешко за него.

– Се сеќавам дека некој ме прашува дали би можел да се кренам од кревет. Не можев да го сторам тоа со денови. Нозете ми беа како олово. Не бев дехидриран, но чувствував ужасна жед.

Неговата сопруга плачела од среќа кога повторно го слушнала два дена откако се разбудил.

На семејството не му било дозволено да го посети, но две седмици подоцна, кога тој бил пренесен од интензивна нега на одделение, можеле да се видат само преку стакло.

– Постојано повторуваа колку се горди на мене.

Сепак, морало да помине еден месец од будењето од кома за конечно да се сретне со семејството.

– Мојот син ме праша: Тато, дали конечно можам да те прегрнам? Тогаш бев сигурен дека сум закрепнал – заклучи Хју во интервју за „Дејли Меил“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...