19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонија9 Години затвор за Боки13 а Катица 7: Парите барајте ги кај...

9 Години затвор за Боки13 а Катица 7: Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено, парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ѝ рече Бојан Јовановски на судијката во „Рекет“, откако обвинителката Вилма Рускоска побара Боки 13 да остане во притвор бидејќи постои опасност од негово бегство и дека против него ќе почне друг случај.

<

Судот на првообвинетиот Јовановски – Боки 13, претходно му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.

Судот Бојан Јовановски го прогласи за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, а Катица Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања“. За определување на казните за сторените кривични дела, рече судијката Васка Николовска Масевска, судот се водел од олеснителните, како брачен статус, но и отежнителните околности, како угледот и положбата на обвинетите.

Судијката Николовска Масевска, при објавување на пресудата за предметот „Рекет“ рече дека во казната ќе им се пресметува времето поминато во притвор.

– Ова е ден на политичка кампања, донесовте политичка одлука. Едвај чекам да отидам во обвинителството и да ги пријавам сите вистински кривични дела , знам дека ќе ми го продолжите притворот- рече Бојан Јовановски, откако судијката го повика да се изјасни за мерката притвор по изрекување на пресудата според која судечкиот совет побара девет години затвор за Боки 13.

Русковска побара и Катица Јанева да оди во  притвор.

Случајот „Рекет“, како што е познато доби и нов тек откако истрагата на 9 октомври се прошири на уште четири лица, меѓу кои потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13 Миле Јовановски и асистентка на Јовановски Христина Блажевска. Поради ова Русковска побара Боки 13 да остане во притвор по изрекување на пресудата од девет години затвор за Јовановски.

Судечкиот совет денеска одлучи на Јовановски да му бидат конфискувани гардеробата, сликите и парите затоа што биле незаконски стекнати со кривичното дело за кое што е неправосилно осуден, а  конфискација ќе има и за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која по правосилноста на пресудата ќе остане без мебелот и 50.000 евра.

– Обвинетата Катица Јанева го прифатила влијанието на Бојан Јовановски и го пречекорила своето овластување и за себе прибавила значителна имотна корист – мебел и 50 илјади евра. Обвинетата Катица Јанева, во ноември 2018 година предложила мерка притвор за обвинетиот Јордан Камчев во предметот „Империја“. Со влијание на Бојан Јовановски на 24 декември до Апелациониот суд Скопје предложи мерката притвор да се замени со мерка куќен притвор – рече судијката во пресудата.

Во текот на овој судски процес беа презенитрани  материјални и вербални докази. Како сведоци за „Рекет“ во судот исказ дадоа бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинари од телевизијата 1ТВ, обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска, Бурим Рустеми, Фатиме Фетаи од СЈО и други. Обвинителството изнесе видео записи и фотографии обезбедени од ПИ мерки, како и фотографии и записиници од одземени предмети од домот и канцелариите на обвинетите, но и видеа направени во домот на сведокот-оштетен бизнисменот Јордан Камчев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...