15.5 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес првиот возрасен пациент заболен од Ковид-19 беше примен во детската болница...

Денес првиот возрасен пациент заболен од Ковид-19 беше примен во детската болница Козле.

spot_imgspot_img

Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле денеска го прими првиот возрасен пациент позитивен на вирусот КОВИД-19, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни.

– Денеска го примивме првиот возрасен пациент. Се работи за 61-годишен маж, кој кај нас беше испратен од „Аџибадем Систина“. Нему во таа клиника му било направено серолошко тестирање, кое покажало дека е позитивен на вирусот. Но, бидејќи тие тестови не се препорачуваат за идентификација на заразата, утре ќе му направиме ПЦР-тест, за да утврдиме со сигурност дали пациентот е инфициран или не, вели за МИА д-р Ангелко Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Тој информира дека денеска во Институтот биле хоспитализирани и две деца позитивни на коронавирусот. Децата во Институтот биле испратени од граничниот премин „Табановце“, а тестови им биле направени во Ниш. Нивните родители се негативни.

– Се работи за две деца, едното на четири и пол годишна возраст, а другото двегодишно. Тие се асимптоматични случаи. Немаат температура, немаат никакви симптоми. Ќе им направиме уште еден тест, па ќе ги пуштиме на домашно лекување, вели д-р Андоновски.

Во овој Институт досега биле направени 350 тестови на деца и биле откриени шест случаи на позитивни на коронавирусот. Шесте деца биле со лесна клиничка слика и сите се во одлична здравствена состојба. Д-р Андоновски вели дека децата лесно го минуваат вирусот, кој може да биде опасен само ако детето има некое заболување, како на пример астма, ХОББ, тешка анемија и друго.

– Досега во цела држава се откриени 200 деца позитивни на коронавирусот, на возраст од 0 до 19 години, вели д-р Андоновски.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи.

Д-р Андоновски вели дека Институтот е подготвен уште пред четири месеци да одговори на потребите за третман на пациенти заразени од коронавирусот. Тимот во „Козле“ се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Покрај на Инфективната клиника и болницата „8 Септември“ која функционира како КОВИД-центар во Скопје, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци.

локално

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...