30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицаец и тројца скопјани уапсени со оружје и дрога

Полицаец и тројца скопјани уапсени со оружје и дрога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По извршената контрола на автомобилот со кој се превезувале, најдени се оружје и ќеса со остатоци од наркотична дрога. Во меѓувреме, полицијата привела уште неколку лица кои се сомничат дека се поврзани со овој случај.

<

Од СВР Тетово информираат дека по контролата на автомобил синоќа во 21 часот и 40 минути, на улица „Илинденска” во Гостивар, биле ги лишиле од слобода: Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар-Полициската станица Гостивар, ги лишиле од слобода, велат од СВР Тетово

Лишувањето настапило откако по извршениот преглед врз патничко моторно возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(25) било пронајдено огнено оружје – непозната марка, со рамка и осум куршуми како и ќеса со остатоци од прашкаста материја.

За случајот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Од СВР Тетово информираат дека по преземените мерки за целосно расчистување на случајот, синоќа и денеска се приведени уште неколку лица кои се сомничат за поврзаност со овој случај.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...