13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДавкова: Ќе барам да се поништи Преспанскиот договор

Давкова: Ќе барам да се поништи Преспанскиот договор

Носителката на листата во првата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова вчера беше во населбата Ново Лисиче.

Таа на жителите им порача дека секогаш ќе го користи името Македонија.

„Да ви кажам нешто околу името на нашата држава. Јас лично нема никогаш да го користам тоа наметнато име и секогаш ќе викам Македонија. Враќање на нашето уставно име е можно преку Уставниот суд. Референдумот беше неуспешен и тој факт никој не може да го промени. Затоа и ќе побарам почитување на меѓународното право, за кое еминентни светски професори, кажаа дека е повредено преку Преспанскиот договор. Името не сме го измислиле туку сме го наследиле и немаме право да го менуваме, поради нашите предци но и поради нашите поколенија. Мислам дека е добро да седнат во Парламентот и Владата луѓе кои се спремни да и дадат на државата. Луѓе кои од мали нозе сакале и се бореле за знаење, луѓе без багаж, луѓе со кредибилитет и достоинство. Ете такви луѓе се на листата на која сум носител”, истакна таа.

Силјановска Давкова при средбата со граѓаните кажа дека датумот што го чекаме е врзан за нешто што се вика владеење на правото, со него почнува преговорите со поглавјата 23 и 24 и со нив завршува. Според неа овде има едно чудо важни работи: право, правда, демократски институции, судство, борба со корупција, борба со криминал, борба со кршење на правото при јавните набавки.

„Ништо не е во поткрепа на владеењето на правото, а ние се фалиме дека на пролет, па сега на лето, па сега на есен, само што не сме ги почнале преговорите. Ама во сите истражувања или сме долу како хибридна држава или сме слаба држава со слаби институции. Не треба да се поединци силни треба да се институциите. Треба стабилен парламент, влада, претседател, особено судството за да не мора да мислите кој ќе дојде на власт зошто државата треба да функционира сама по себе. Господинот што е растрчан по доверба низ државата едно време не го признаваше судот. Ама судиите не се сменија. Меѓутоа потоа тој рече дека судството расцветало. Но толку многу расцвета судството што една социјалдемократска слана го попари па од СЈО ништо не остана бидејќи самите беа инволвирани во криминалот. Станаа толку моќни што направија мрежа и во медиумите”, потенцираше таа.

Носителката на изборната единица посочи дека никој нема да поверува дека Бојан Јовановски го смисли сето ова и така оди од град во град, носи документ со печат од влада и вели дека ќе гради пензионерски домови и луѓе трчаат и му даваат 700.000, 500.000 евра, тие кои се построија пред него во филхармонија се чудевме како го поздравуваа. Видовме зошто.

„Уште зимата ги слушавме ние изјавите од типот дека никој не е недопирлив. Претпоставувам дека уште во април и во мај за време на изборите целата афера била позната. Но таква тајновитост уште не сме виделе. Јасно ви е сега зошто. Кога еден режим е во пропаѓање тогаш е најстрашен. Тоа го гледаме деновиве. Не помагаат ни аргументите тргнало нешто назад. И последното што го видовме јас почнав да го викам Дон Дончев, па Дон Заев, па Дон Филипче, мислам дека кон тоа одат работите. Со таква држава не се оди во преговори. Со таква држава ЕУ нема да одреди датум”, заклучи таа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...